| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена една тајна, Роналдо бил пред потпис со Јувентус

ronaldo

Фудбалскиот пат на Кристијано Роналдо им е многу добро познат на сите оние кои редовно ги следат случувањата во овој спорт, но приказната на Португалецот можела да биде многу поинаква, со друг правец ако се реализирал трансферот во Јувентус.

Имено сегашната ѕвезда на Реал Мадрид била пред преселба во Торино во 2002 година, тогаш 17-годишниот тинејџер и дошол во Италија, ама поради Марсело Салас не се комплетирала зделката меѓу Јуве и Спортинг Лисабон.

– Кога работев во Јувентус, се јавив во Торино и им кажав дека ќе биде најдобриот играч на светот, нормално по Диего Марадона. Јас преговарав и го донесов во Торино во 2002 година да потпише за Јувентус. Меѓутоа Салас не ја прифати размената за неколку милиони евра. Салас не сакаше да оди за да подоцна заврши во Ривер Плата. Така Јувентус го загуби Кристијано. Неговиот агент Мендеш добро ја знае оваа приказна – открил Џани Ди Марѕио кој од 2001 до 2006 беше задолжен за трансфери во „старата дама“.

Се понатаму е историја, Кристијано летна во Јунајтед каде комплетно се афирмираше како фудбалер по што направи трансфер во Реал, клуб чиј дрес успешно го носи до ден денеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top