| четврток, 6 декември 2018 |

Ско­ли­о­за и ки­фо­за се нај­че­сти­те де­фор­ма­ции на ’рбе­тот

Де­фор­ма­ци­и­те нај­че­сто се откри­ва­ат на си­сте­мат­ски­те прег­ле­ди во учи­ли­шта, но сѐ по­че­сто се слу­чу­ва да го уви­ди са­ми­от ро­ди­тел или на­став­ни­от ка­дар

 

Де­фор­ма­ци­и­те на ‘рбет­ни­от столб што нај­че­сто ги срет­ну­ва­ме во фи­зи­ја­три­ски­те ам­бу­лан­ти се ско­ли­о­за и ки­фо­за. Ско­ли­о­за­та  е со­стој­ба во ко­ја ‘рбе­тот е искри­вен на­стра­на. Искри­ву­ва­ње­то мо­же да би­де на ле­ва­та или на дес­на­та стра­на или на две­те стра­ни, па изг­ле­да ка­ко бу­ква­та „S“ и де­фор­ма­ци­и­те ки­фо­за или гр­ба­вост. Не е ре­тко кај ист па­ци­ент се срет­ну­ва и ком­би­на­ци­ја –ки­фо­ско­ли­о­за, ве­ли д-р Ма­ри­ја Мар­ков­ски, спе­ци­ја­лист по фи­зи­кал­на ме­ди­ци­на и ме­ди­цин­ска ре­ха­би­ли­та­ци­ја, ко­ја ра­бо­ти во од­де­ле­ни­е­то за фи­зи­кал­на ме­ди­ци­на и ре­ха­би­ли­та­ци­ја при „ГОБ 8 Сеп­тем­ври“ во Скоп­је. Спо­ред неа, спор­тот е мно­гу би­тен во ле­ку­ва­ње­то. Се­кој фи­зи­ја­три­ски прег­лед поч­ну­ва и за­вр­шу­ва со пре­по­ра­ка за спор­ту­ва­ње.

Што по­ка­жу­ва­ат ре­зул­та­ти­те од си­сте­мат­ски­те прег­ле­ди во ос­но­ви­те и во сред­ни­те учи­ли­шта, да­ли де­фор­ма­ци­и­те на ’рбе­тот се во по­раст?

МАРКОВСКИ: Ре­зул­та­ти­те од си­сте­мат­ски­те прег­ле­ди во ос­нов­ни­те и во сред­ни­те учи­ли­шта по­ка­жу­ва­ат де­ка де­фор­ма­ци­и­те на ‘рбе­тот (ско­ли­о­за – стра­нич­но искри­ву­ва­ње на ‘рбет­ни­от столб и ки­фо­за или гр­ба­вост) кај де­ца­та од школ­ска во­зраст се во благ по­дем. Се дви­жат во рам­ки­те на  гло­бал­на­та за­ста­пе­ност од 0,9 до 3,0 про­цен­ти. Ле­сен тренд на по­раст, осо­бе­но на ско­ли­о­за, се за­бе­ле­жу­ва во ста­ти­стич­ки­те по­да­то­ци до­би­е­ни осо­бе­но од си­сте­мат­ски­те прег­ле­ди од ос­нов­ни­те учи­ли­шта.

IMG_6376 (Custom)

Кои се нај­че­сти­те де­фор­ма­ции кај де­ца­та во оваа учи­лиш­на во­зраст?

МАРКОВСКИ: Де­фор­ма­ци­и­те на ‘рбе­тот што нај­че­сто ги срет­ну­ва­ме во фи­зи­ја­три­ски­те ам­бу­лан­ти се ско­ли­о­за и ки­фо­за. Ско­ли­о­за­та  е со­стој­ба во ко­ја ‘рбе­тот е искри­вен на­стра­на. Искри­ву­ва­ње­то мо­же да би­де на ле­ва­та или на дес­на­та стра­на или на две­те стра­ни, па изг­ле­да ка­ко бу­ква­та „S“ и де­фор­ма­ци­ја­та ки­фо­за или гр­ба­вост. Не е ре­тко кај ист па­ци­ент да се срет­не и ком­би­на­ци­ја – ки­фо­ско­ли­о­за.

По­ра­ди што се ја­ву­ва­ат де­фор­ма­ци­и­те нарбет­ни­от столб? Да­ли вли­јае нас­лед­ни­от фа­ктор или, пак, со­вре­ме­ни­от на­чин на жи­вот?

МАРКОВСКИ: Вкуп­но вли­ја­ат мно­гу фа­кто­ри. Од нив, пе­де­се­ти­на ја пре­диз­ви­ку­ва­ат де­фор­ма­ци­ја­та. Го­ле­мо вли­ја­ние има ге­не­ти­ка­та, од­нос­но по­зи­тив­на­та фа­ми­ли­јар­на анам­не­за.На по­ста­ве­ни­те пра­ша­ња во тек на прег­ле­дот че­сто е за­ста­пе­но нас­ледс­тво­то, но, од дру­га стра­на, има мно­гу авто­ри што го по­вр­зу­ва­ат за­бр­за­ни­от раст на де­неш­на­та мла­да ге­не­ра­ци­ја, ка­ко и не­га­тив­ни­те пос­ле­ди­ци на хи­по­ки­не­зи­ја­та, од­нос­но нед­ви­же­ње­то, не­а­ктив­но­ста. По­тоа за­мо­рот што се ја­ву­ва во дол­го­трај­но­то се­де­ње пред но­ви­те тех­но­ло­шки про­нај­до­ци, комп­ју­те­ри­те, таб­ле­ти­те и екра­ни­те, де­ца­та нај­че­сто за­зе­ма­ат не­пра­вил­ни по­зи­ции, кои со вре­ме пре­ми­ну­ва­ат во ло­шо др­же­ње на те­ло­то, а по­тоа тоа во­ди до функ­ци­о­нал­ни – ла­ба­ви де­фор­ма­ции, кои на крај во­дат до те­шки стру­кту­рал­ни про­ме­ни и де­фор­ма­ции на  ‘рбе­тот, но не тре­ба да го за­не­ма­ри­ме ни фа­ктот де­ка по­до­бре­на­та де­тек­ци­ја, од­нос­но по­до­бре­но­то функ­ци­о­ни­ра­ње на здрав­стве­ни­те служ­би е зас­луж­но за ра­но откри­ва­ње на де­фор­ма­ци­и­те.

IMG_6371 (Custom)

Веж­би во ба­зен – хи­дро­ки­не­зи­те­ра­пи­ја

Ка­ко да се открие на­вре­ме де­фор­ма­ци­ја­та?

МАРКОВСКИ: Де­фор­ма­ци­ја­та нај­че­сто се откри­ва на си­сте­мат­ски­те прег­ле­ди во учи­ли­шта, но сѐ по­че­сто се слу­чу­ва де­фор­ма­ци­ја­та да ја уви­ди са­ми­от ро­ди­тел или на­став­ни­от ка­дар. Тоа се дол­жи на еду­ка­ци­ја­та на на­став­ни­от ка­дар и на ро­ди­те­ли­те. По­сто­јат зем­ји во кои е ре­гу­ли­ра­но со за­кон ед­наш го­диш­но, на по­че­ток на учи­лиш­на­та го­ди­на, ро­ди­те­ли­те или ста­ра­те­ли­те да по­пол­нат фор­му­лар што со­др­жи ин­струк­ции ка­ко да се пре­поз­на­ат де­фор­ма­ции ско­ли­о­за и ки­фо­за. Ро­ди­те­ли­те од­го­ва­ра­ат на след­ни­ве пра­ша­ња: Да­ли ед­но­то ра­мо е по­ви­со­ко од дру­го­то, да­ли ед­на­та ло­па­тка е по­по­диг­на­та од дру­га­та, да­ли е ед­на­ква по­ло­ви­на­та, ра­ка­та од ед­на­та стра­на е поб­ли­ску до те­ло­то, за раз­ли­ка од дру­га­та, ед­на­та но­га  е по­кра­тка од дру­га­та. И ако има от­ста­пу­ва­ње за­дол­жи­тел­но да по­ба­ра­ат со­вет од струч­но ли­це. Од осо­бе­но зна­че­ње е да се открие на­вре­ме и да се сле­ди, со ре­дов­ни кон­тро­ли, оп­сер­ва­ци­ја, кај спе­ци­ја­ли­стот за де­фор­ма­ци­ја на ‘рбет – фи­зи­ја­та­рот или ор­то­пе­дот.

Што оп­фа­ќа ре­ха­би­ли­та­ци­ја­та?

МАРКОВСКИ: Кон­зер­ва­тив­но­то ле­ку­ва­ње на де­фор­ма­ци­ја­та оп­фа­ќа оп­шта про­гра­ма за ско­ли­о­за и за ки­фо­за, ко­ја се из­ве­ду­ва иск­лу­чи­тел­но ин­ди­ви­ду­ал­но. Про­гра­ма­та се изра­бо­ту­ва во за­вис­ност од го­ле­ми­на­та на кри­ви­на­та на ‘рбе­тот, во­зра­ста и од фи­зич­ка­та под­го­тве­ност на па­ци­ен­тот, спе­ци­фич­ни фи­зи­о­те­ра­пев­тски веж­би, актив­на са­мо­ко­рек­ци­ја, ра­бот­на те­ра­пи­ја за спре­чу­ва­ње на про­гре­си­ја­та на де­фор­ма­ци­и­те во те­кот на рас­те­ње­то. Кај по­те­шки­те де­фор­ма­ции се ор­то­ти­зи­ра­ат па­ци­ен­ти­те со спи­нал­ни ор­то­зи, та­ка­на­ре­че­ни пла­стич­но кор­се­ти ТЛСО (то­ра­ко­лум­бал­ни са­крал­ни ор­то­зи) и за оваа гру­па па­ци­ен­ти се во­ве­ду­ва­ат веж­би со кор­сет и веж­би без кор­сет, по­втор­но про­гра­ма­та се под­го­тву­ва ин­ди­ви­ду­ал­но. Има и веж­би во ба­зен – хи­дро­ки­не­зи­те­ра­пи­ја. За жал, има еден мал број на па­ци­ен­ти ка­де што кон­зер­ва­тив­но­то ле­ку­ва­ње не по­ма­га и ќе би­дат под­ло­же­ни на опе­ра­тив­но ле­ку­ва­ње.

IMG_6388 (Custom)

он­зер­ва­тив­но­то ле­ку­ва­ње на де­фор­ма­ци­ја­та оп­фа­ќа оп­шта про­гра­ма за ско­ли­о­за и за ки­фо­за, ко­ја се из­ве­ду­ва иск­лу­чи­тел­но ин­ди­ви­ду­ал­но, вели д-р Марковски

Кол­ку спор­ту­ва­ње­то по­ма­га во ле­ку­ва­ње­то искри­вен ’рбет?

МАРКОВСКИ: Спор­тот е мно­гу би­тен во ле­ку­ва­ње­то. Се­кој фи­зи­ја­три­ски прег­лед поч­ну­ва и за­вр­шу­ва со пре­по­ра­ка за спор­ту­ва­ње, по­крај ре­ха­би­ли­та­ци­ски­от ки­не­те­ра­пев­тски про­то­кол, се да­ва со­вет за спор­ту­ва­ње спо­ред де­фор­ма­ци­ја­та на ‘рбе­тот и афи­ни­те­ти­те на па­ци­ен­ти­те. Нај­че­ста пре­по­ра­ка за спор­то­ви се пли­ва­ње, танц, ба­лет, јо­га за ‘рбет, пи­ла­тес, по­тоа груп­ни­те спор­то­ви ка­ко од­бој­ка, ко­шар­ка, ра­ко­мет. Ре­чи­си не­ма спорт што го за­бра­ну­ва­ме, се раз­би­ра, со по­се­бен ан­гаж­ман на ли­це­то (тре­не­рот) што го тре­ни­ра па­ци­ен­тот. При по­ја­ва на бол­ки, са­мо де­лум­но се огра­ни­чу­ва­ат спор­то­ви­те што го оп­то­ва­ру­ва­ат гр­бот ка­ко што се кре­ва­ње те­го­ви, гим­на­сти­ка и коп­је.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Де­јан Стан­чев­ски

(интервјуто е објавено во 232. број на неделникот Република кој излезе во печат на 10.02.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top