Леброн Џејмс овој натпревар ја зазема улогата на центар, слично како што направи легендарниот плејмејкер Меџик Џонсон во финалето на Лос Анџелес Лејкерс против Филаделфија 76 во 1980 година кога Лејкерс играа без Карим Абдул Џабар и Меџик се реши да игра под кошот и со своите 42 поени, 15 скокови и 7 асистенции ги однесе Лејкерс до титулата.
Леброн со оваа игра постигна 22 поени, 4 скока и 3 асистенции, а неговата игра под кошот ја искористија: Двејн Вејд кој постигна 18 поени, 8 асистенции и 4 скокови, Хаслем со 17 поени, Бош 15 и Чалмерс додаде 14 поени. Со ваквата тимска игра, целата прва петорка на Мајами имаше постигнато двоцифрен број на поени, а такво нешто ретко се гледа.
На другата страна, Вест и Хиберт постигнаа ‘дабл-дабл’ учинок, но тоа не беше доволно против одличната стратегија на Мајами Хит.
Индијана Пејсерс : Мајами Хит – 96 : 114
httpv://www.youtube.com/watch?v=is4i_22-k1U
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)