| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ сѐ уште ги токми документите што ги побара ДУИ

сдсмСДСМ сѐ уште ги нема подготвено документите со писмените гаранции кои ги побара ДУИ за евентуално коалицирање со цел формирање влада.

Наспроти пишувањата на некои медиуми дека документите се подотвени и дека наскоро ќе бидат доставени до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, извори од партијата велат дека тоа е шпекулација и дека сѐ уште не се подготвени никакви документи. Изворите наведуваат дека темата е премногу чувствителна за какви било конкретни коментари по однос на понатамошниот развој на ситуацијата.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, изјави дека ДУИ од неговата партија не побарала писмени гаранции, како што тврдеше портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, за добивање на мандатот за формирање влада.

Никогаш не биле барани ниту пак имало некакви писмени документи со гаранции при склучувањето коалиции помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ – вели Котевски.

Тој додава и дека ДУИ треба да се изјасни дали ставовите изнесени на профилот на Фејсбук на еден од потпретседателите на ДУИ, Иџет Мемети, се само негови лични, ставови на партијата или ставови на членството.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервјуто на ТВ Нова во саботата рече дека од нивната партија не биле побарани писмени гаранции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top