| четврток, 6 декември 2018 |

Пожарникар повреден при гаснење пожар во Скопје

Триесет и петгодишен пожарникар синоќа е тешко повреден при интервенција на опожарен стан на ул. „Лука Геров“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, ноќеска во 0.25 часот во ЕИК-Скопје е пријавено дека на 12.2.2017 година околу 22.20 часот на ул. „Лука Геров“ во стан сопственост на Т.О. (62), а издаден под кирија на Б.К. (44), избувнал пожар. Во моментот на избувнување на пожарот во станот немало никој.

Бригадата за противпожарна заштита го изгазнала пожарот околу 23.20 часот. На местото на настанот биле излезени и три возила од Итна медицинска помош кои укажувале помош на станарите кои се жалеле дека вдишиле поголемо количество на чад.

Пожарникарот З.П. (35) паднал од скала додека интервенирал. Тој со тешки телесни повреди бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“. Увид ќе се врши во текот на денот, соопшти полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top