Бразилецот Даглас Коста јавно го истакна своето незадоволство во Баерн Минхен, откако тренерот Карло Анчелоти не му нуди стандардно место во првиот состав оваа сезона. Тој најави дека можеби и ќе си замине од „Алијанц арена“ ова лето доколку ситуацијата не му се промени, а два европски гиганти чекаат разврска со надеж дека можеби ќе го убедат да премине во нивните редови.
Актуелниот европски првак Реал Мадрид и италијанскиот шампион Јувентус се интересираат за неговите услуги, а тоа го потврди и агентот на Даглас Коста.
– Има доволно понуди, најмногу од Шпанија и од Италија – напомена менаџерот на бразилскиот фудбалер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.