| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер јунајтед ќе го направи Давид де Хеа најплатен фудбалер на клубот!

david de gea

Како што откриваат британските медиуми, првиот голман на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа ќе стане најплатениот фудбалер на „црвените ѓаволи“.

Иако одличниот шпански голман има договор со клубот до 2019 година, раководството на англискиот гигант размислува истиот да биде продолжен за уште некоја година, со што Де Хеа ќе ја добие истата плата како капитенот, Вејн Руни. Моменталните неделни примања на Шпанецот се 200.000 фунти, а доколку се одлучи за нов договор тие ќе се зголемат за 100.000 фунти.

Со овој потег Манчестер Јунајтед на еден начин сака да го разлади евентуалниот нов интерес на Реал Мадрид за еден од најдобрите голмани на денешницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top