Во Лос Анџелес беа доделени престижните американски музички награди “Греми”, каде триумфираше Адел. Ова беше 59то издание на “Греми” наградите кое се одржа во “Стејплс” центарот во Лос Анџелес.
На доделувањето на наградите „Греми” оваа година Бијонсе се појави не само како гледач, туку таа изведе и две песни пред милионска публика. Ова е прв пат Бијонсе да се појави во јавноста по веста дека со нејзиниот сопруг Џеј Зи очекуваат близнаци.
Бијонсе на сцената ги изведе песните “Sandcastles” и “Love Drought” од нејзиниот албум , “Lemonade”. На сцената изгледаше како божица.
Иако Бијонсе имаше најмногу номинации, вкупно девет, таа годинава собори уште еден рекод, стана првиот музичар кој е номиниран во четири различни жанрови во иста година. Бијонсе беше номинирана во категориите, поп соло изведба, рок изведба, урбан современ албум и рап изведба.
Бијонсе ги освои наградите за најдобар современ урбан албум за албумот “Lemonade” и за најдобар видеоспот за “Formation”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)