| четврток, 6 декември 2018 |

Апокалипса во Калифорнија – пука најголемата брана, луѓето панично бегаат од потоп

Жителите што живеат по текот на највисоката брана во САД, во близина на градот Оровил во северна Калифорнија, итно се евакуирани откако властите јавиле дека браната може да попушти поради пукнатините што се отвориле од силниот притисок на водата што се собрала по обилните врнежи.

– За околу 130.000 жители наредена е итна евакуација во регионот по текот на браната – наведе локалниот шериф на социјалните мрежи, нагласувајќи повеќепати дека не станува збор за вежба.

Калифорнискиот Завод за водни ресурси вчера во 16.30 часот по локално време објави на „Твитер“ дека се предвидува дека браната ќе попушти во наредните неколку часа.

kali

Количината на водата во петокот била помала од два метра од врвот на браната, а пораснала поради големиот дожд и снег што следуваа по тешката суша во Калифорнија.

Калифорнискиот гувернер Џери Браун поради поплавата и лизгањето на земјата побара од Сојузната служба за вонредни состојби да се прогласи елементарна непогода.

Инженерите уште во четвртокот почнале да испуштаат вода од акумулациското езеро спротиводно од браната забележувајќи дека на еден дел недостигаат големи парчиња бетон. Дупката што се појави со текот на времето се прошири, па властите очекуваат наскоро да се урне тој дел од браната, иако до пред два дена тврдеа дека нема никаква опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top