| четврток, 6 декември 2018 |

Србов: Од 2011 до 2014 во Македонија легнаа 16 милиони долари на сметките на 96 невладини организации

nikola-srbov

Пред аргументите молчат боговите, а богами и судовите со кои ни се заканувате, напиша Никола Србов од движењето СОС, на Својот Фејсбук  профил.

Од 2011 до 2014 (заклучно со 2014 година) во Република Македонија се влеале 16.034.352 долари на сметките на 96 невладини организации, притоа, изземајќи ги средствата на УСАИД од оваа бројка, напиша Србов.

– 2.189.906 долари се влеани од НЕД (Национален фонд за демократија)

– 12.905.656 долари директно се влеани од Џорџ Сорос

– 938.790 долари се влеани од други фондации

Каде е проблемот? Донаторите, како на пример НЕД и останатите, кои префрлале парични средства, не можеле да имаат точен увид каква е идеолошката позадина на невладините организации (кои не смеат да бидат идеолошки определени) и како тие делуваат во општеството, затоа и не можеме да ги осудиме веднаш овие фондации. Проблемот е Џорџ Сорос, 90 проценти од активните невладини се создадени од неговата Фондација, па така, останатите фондации сакале или не сакале парите ги влевале кај Сорос, нема кај кој друг, тоа е тој затворен круг и монопол кој го зборуваме цело време, а тоа го истакна и Никола Груевски во синоќешното интервју. Од сите влеани средства во невладиниот сектор, Џорџ Сорос е водечки со 80,49% од вкупно трансферираните средства во овој период. Или во долари: 12.905.656 се од Сорос, а 3.128.696 долари се од сите останати. Најголемиот дел од паричните средства Џорџ Сорос ги префрлил од „Фондацијата за промоција на отворено општество“ со седиште во Њујорк која префрлила 7.450.432 долари во соодветниот период. Другите трансфери се од уште 4 фондации на Сорос, од кои, втората по големина е исто така од Њујорк, додека останатите две се со седиште во Швајцарија и Унгарија.

Како растат донациите на Џорџ Сорос, така се развива кризата во Република Македонија:

2011 година – 1.359.190 долари префрла Сорос во Македонија
2012 година – 2.685.353 долари, дупло повеќе од претходната
2013 година – 4.210.728 долари
2014 година – 4. 650.385 долари, што значи има зголемување за цели 242%

Овие средства биле префрлени на 45 организации, но 75% завршиле на сметката на Фондацијата Отворено општество Македонија. Но тука се застапени само дел од средствата, во периодот од 2012 до 2014 година податоците од годишниот извештај покажуваат дека ФООМ потрошила 16,6 милиони долари за 3 години, со ова дополнително ќе се позанимавам.

Имаме уште еден проблем, а тој е кај нас. Во 2015 година ФООМ потрошила 5.400.000 долари, додека Владата на Р.М. само 645.000 долари, притоа, првите се трошени во политички цели, а вторите се трошени во прав невладин сектор (во сферата на културата и животната средина) но се премалку. Заклучок, Владата мора да го зголеми буџетот, како што впрочем и кажа Никола Груевски.

На сето ова треба да се додадат уште средства, како што пишав, тука не е вклучен УСАИД бидејќи треба да се лоцира точно колкави средства од УСАИД биле вмрежани со Сорос, не можеме туку така да ги ставиме сите на куп. Претпоставувам дека станува збор за цифра од над 32 милиони долари влеани во невладин сектор кој 90% припаѓа на Џорџ Сорос, без последнава година.

За крај, заканувајте се колку сакате, ние тукушто почнавме и нема повлекување бидејќи во опасност ни ја доведовте државата, деталите ќе ги презентирам на прес конференција, а и на суд ако сакате, напиша Србов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top