Шетајќи го своето куче во Градски парк, пензионер бил гризнат за нога. Непријатното искуство му се случило кога го шетал својот миленик во паркот и за да го заштити од дивите кучиња го земал во раце, па настрадал тој.
– Беа четири-пет кучиња кога ме нападнаа, е едното ме гризна за нога. Тоа се случи пред еден месец. Го нападнаа моето куче, а јас го земав во раце за да го спасам. Тогаш ме гризна за нога, изјавил пензионерот за Сител.
– Досега не сум имал таква ситуација, но знам луѓе што имале, вели жител на главниот град за споменатата телевизија.
– Јас им давам да јадат, тие што се кастрирани се многу кротки, изјавил друг граѓанин на истата тема.
Сепак, најголем дел од бездомните кучиња се содветно третирани. Постојано се вакцинираат против беснило, а нивното размножување се спречува со кастрирање. Состојбата со кучињата скитници ја следи ЈП “Комунална хигиена”. Специјализиран тим врши теренска идентификација, а месечно се заловуваат околу 250 кучиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.