Челси не успеа да ги искористи поразот на Тотенхем и дополнително да се зацврсти со уште поубедлива предноста на врвот од табелата во Премиер лигата, откако во 25. коло неочекувано киксираше на гостувањето против Барнли играјќи без победник само 1-1.
Иако „сините“ поведоа уште во 7. минута со голот на Педро, сепак, во 24. минута Брејди израмни за Барнли.
До крајот тимот на Антонио Конте се обидуваше да дојде до трите бода, но не успеа да создаде позабележителни шанси за активно загрозување на противничкиот гол.
Челси по 25 кола сега има 60 бода, десет повеќе од Тотенхем и Арсенал, кои се на делба на второто место. Ливерпул е на 4. место со 49 бода, колку што има и Манчестер сити, но со натпревар помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)