Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 2010-та година навака успешно го реализира проектот бесплатна банско-климатска рекреација на пензионери. Во тек е повикот за аплицирање на нови корисници кој трае од 20-ти јануари до 20-ти февруари 2017-та година со кој оваа година ќе бидат опфатени 5.500 пензионери, истакна денеска на прес конференција Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на Колариќ:
Досега, заклучно со 2016-та година овој проект имаа можност да го користат 36.700 корисници на пензија.
Право на овој проект имаат сите корисници на пензии и може да го користат еднаш во период од втората половина на март до ноември секоја година во траење од 7 дена што опфаќа 6 полни пансиони, бањска терапија, здравствен преглед и трошоци за превоз во висина од повратна автобуска карта од местото на живеење до установата кај што се користи услугата.
Со овој проект на пензионерите не само што им се подобрува стандардот на живеење, туку им се овозможува да им се помогне живеењето и поминување на зрелите години од животот, меѓусебно дружење, како и подобрување на нивното здравје. Приоритет на користење на ваквиот проект пред се имаат оние корисници на пониски примања кои ретко, и можеби никогаш не биле во можност да користат климатски услуги.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека досегашниот интерес за овој проект е само потврда на неговата успешност. Оттука ВМРО-ДПМНЕ предвидува овој проект да продолжи да се реализира во наредните најмалку 4 години, со кои во просек би биле опфаќани по 5.500 корисници на пензии, односно нивниот број да биде 22.000 пензионери за 4 години.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години покажа вистинска грижа за пензионерите, како никогаш досега се спроведоа голем број на проекти со кои се подобри и нивниот животен стандард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги излажа пензионерите – нема покачување на пензиите
-
Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите
-
На средба со сениорите: Коневски го посети пензионерскиот дом во Аеродром (Фото)