Утринава околу 02:20 часот во полициска станица се јавила 42-годишната А.Н. од Скопје и пријавила дека непознат сторител фрлил шише со запалива течност на патничко моторно возило „Пежо“, кое било паркирано на улицата „Ѓорѓи Капчев“, во дворот од куќата и нејзина сопственост. Опожарен бил предниот дел од возилото.
Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.