| четврток, 6 декември 2018 |

Словенката Штухец е нов светски шампион во спуст

Илка Штухец ја оправда фаворитската улога и стана нова светска шампионка во спуст, откако утрово беше најбрза на Светското скијачко првенство кое се одржува во Сент Мориц.

Одличната словенечка скијачка која важеше за главен фаворит за оссвојување на златниот медал ги засени своите противнички и заслужено се искачи највисоко на победничкиот пиедестал. Нејзиното време од 1:32.85 беше за 40 стотинки подобро од второпласираната Вејнер од Австрија, додека третото место го зазеде легендарната Линзи Вон од Америка.

Интересно е што сите претходни натпреварувачки до скијањето на Штухец го подобруваа времето на претходничката и беа во борбата за медал.

Денеска на програмата од Светското скијачко првенство е и машкиот спуст, кој треба да започне за околу еден час, но можно е одложување на истиот поради густата магла која падна на патеката во Сент Мориц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top