Нашиот единствен Ристе Ристески со маестрален настап и фантастична изведба на легендарни хитови од Здравко Чолиќ и Тоше Проески успеа да го помине вториот круг во српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, Ристе Ристески во вториот круг настапот го започна со хитот „Станица Подлугови“ од Здравко Чолиќ, а продолжи со легендарната „Среќна ли си ти“ од Тоше Проески. Неговиот настап беше проследен со бројни коментари, пофалби и громогласен аплауз од жирито и публиката, секако, најсреќна меѓу нив беше Јелена Карлеуша која го промени изразот на своето лице откако виде кој е на сцената.
Во продолжение погледнете го настапот на Ристе Ристески во вториот круг на „Ѕвездите на Гранд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)