Беше очигледно дека Хан дојде во земјава со идеја. Тој сака да помогне. Неговата идеја беше да не охрабри за некоја широка коалиција, иако на состанокот не инсистираше на тоа, но некои претходни изјави укажуваа на такво нешто, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за ТВ НОВА зборувајќи за неодамнешните разговори со еврокомесарот Јоханес Хан.
-Низ разговорите тој сфати дека широката коалиција во Македонија е неуспешен проверен концепт. Нешто што го практикувавме во 2001-та, нешто што го практикувавме и сега откако настапи политичката криза и држава стана нефункционална. Во разговорот отворивме доста прашања. Ние ги изложивме нашите аргументи, и на крајот и Хан кажа дека по средбите со сите партии, очигледно е дека е тешко остварлива идејата за широка коалиција, а исто така очигледно дека е потребно поголго време за партиите да донесат одлуки како да постапат, кажа дека останува на располагање и за во иднина. Ние го отворивме прашањето за нови предвремени избвори, што би се одржале заедно со локалните. Тоа не би било ни преголем трошок, ни некое условно кажано малтретирање на граѓаните, бидејќи локалните избори не можат да се избегнат- изјави Груевски.
Тој додаде дека СДСМ во моментов се изјаснија дека не сакаат нови избори, меѓутоа стравува дека новите избори би можеле да се испостават како нужност, а непотребно да се загуби доста време.
-СДСМ веќе се изјаснија дека не се за избори, но кај нив мислењето важи од вечер до утре, па не знам дали ќе биде така и понатаму. Се плашиме да не дојде време и да сфатиме сите дека изборите се неминовни, а земјата да изгуби доста време. Ако ситуацијата остане статус кво Македонија ќе губи. Владата прави се што е во нејзина моќ, но има одредени ограничувања за преземање на некои чекори и мерки. Владата не може да ги решава сите проблеми, бидејќи има врзани раце со закон. Стравувам дека постои можноста никој да не успее да состави Влада, а да загубиме шест месеци – посочи Груевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)