Претседавачот со ОБСЕ за 2017 година и министер за надворешни работи на Република Австрија, Себастијан Курц, денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.
Како што соопшти македонското МНР, во рамки на посетата министерот Курц ќе се сретне со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Македонија Никола Попоски. Според агендата, двајцата министри ќе го посетат и граничниот камен 59 на македонско грчката граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.