| четврток, 6 декември 2018 |

Грчева: Заев ја отвори пандорината кутија, ги отвори апетитите на албанските политичари

Грешка се направи со она кокетирање на лидерот на СДСМ, а сето тоа го слушавме во живо тоа не е нешто што не сме го интерпретирале добро. Зборуваше во Косово и во Швајцарија и кај нас, тој отворено зборуваше за двојазичност на цела држава, посочи Солза Грчева, поранешен пратеник на СДСМ во едно телевизиско гостување.

-Зборуваше за проширување на опсегот кој што е даден за употреба на јазикот во самиот Устав. Не можам никако да се сложам со оние експерименти и изјави кои што требаше така наивно да ги проголтаме сите ние, дека се работи за една наива работа дека бабичката во Струмица ќе зборува и да може да комуницира со државните органи. Не. Апсолутно не. Тој ја отвори пандорината кутија и сега наеднаш правиме салто мортале и одиме во етнички корпус на прашања кој што е опасен. Да не се занесуваме, не постојат зборови да ги покријат оние, по мене неодговорни, изјави и ветувања пред изборите. тие ги отворија апетитите на водствата на албанските партии- вели Грчева, која оцени дека набргу сите ќе посакаат да има нови избори затоа што ќе влеземе во една неодржлива ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top