Турција на 16 април ќе одржи референдум за реформи на Уставот, со кои Претседателот би добил поголеми овластувања, соопшти денеска шефот на турскиот Висок изборен одбор.
Доколку уставната реформа биде успешна, Претседателот би имал овластувања да издава уредби, прогласува вонредна состојба, именува министри и највисоки државни функционери и да го распушти парламентот.
Доколку биде усвоена уставната реформа, претседателот Реџеп Таип Ердоган би можел на власт да остане до 2029 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.