| четврток, 6 декември 2018 |

Панго: Да се занимаваш со балет е привилегија

Са­кам да го етаб­ли­рам ба­ле­тот ка­ко про­фе­си­ја што е пре­стиж­на и ин­те­рес­на да се за­ни­ма­ваш со неа, ка­ко еден вид пре­диз­вик за мла­ди­те. От­та­му е жел­ба­та и иде­ја­та ма­ке­дон­ски­от ба­лет да мо­же да се но­си со го­ле­ми­те европ­ски и свет­ски ку­ќи, ве­ли Ол­га Пан­го, умет­нич­ки ди­ре­ктор на ба­ле­тот во МОБ

Ол­га Пан­го ве­ќе ед­на го­ди­на го ра­ко­во­ди Ба­ле­тот во Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет. Два­е­сет и се­дум го­ди­ни е во оваа ин­сти­ту­ци­ја, ка­де што од по­чет­ник, со­лист, пе­да­гог и ко­ре­о­граф, низ го­ди­ни­те стрп­ли­во ја гра­де­ла ка­ри­е­ра­та. Дип­ло­ми­ра­ла и ма­ги­стри­ра­ла на Ака­де­ми­ја­та за му­зич­ко и за тан­цо­во искус­тво во Плов­див, Бу­га­ри­ја. Од 2007 го­ди­на е ба­лет­ски пе­да­гог во ДМБУЦ „Или­ја Ни­ко­лов­ски – Луј”, а две де­це­нии би­ла со­лис­тка во Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет. Од 2010 го­ди­на ра­бо­ти ка­ко пе­да­гог, ре­пе­ти­тор и ко­ре­о­граф во Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет. Оди­гра­ла го­лем број глав­ни уло­ги во ба­лет­ски­те прет­ста­ви на МОБ, а ка­ко ко­ре­о­граф е автор на ко­ре­о­гра­фии на ба­лет­ски, драм­ски и на опер­ски прет­ста­ви. Пос­лед­на­та неј­зи­на ко­ре­о­гра­фи­ја бе­ше за прет­ста­ва­та „Оте­ло“ во из­вед­ба на Тур­ски­от те­а­тар во ре­жи­ја на Де­јан Прој­ков­ски, ко­ја пуб­ли­ка­та ја поз­дра­ви со ова­ции. Со Ол­га раз­го­ва­рав­ме за ба­ле­тот ка­ко про­фе­си­ја, за пла­но­ви­те и иде­и­те што има на­ме­ра да ги ре­а­ли­зи­ра во МОБ, за пре­диз­ви­ци­те во про­фе­си­ја­та…

 

Со го­ди­ни бе­вте истак­нат со­лист на ба­ле­тот, а во пос­лед­ни­ве го­ди­ни ра­бо­ти­те ка­ко ко­ре­о­граф во ба­лет­ски, драм­ски и на опер­ски прет­ста­ви. Ва­ша­та нај­но­ва ко­ре­о­гра­фи­ја бе­ше на прет­ста­ва­та „Оте­ло“, во ре­жи­ја на Де­јан Прој­ков­ски, ко­ја ја оди­гра Тур­ски­от те­а­тар и бе­ше поз­дра­ве­на со бур­ни ап­ла­у­зи. Ка­кви се искус­тва­та од со­ра­бо­тка­та на оваа прет­ста­ва? Очиг­лед­но, пуб­ли­ка­та бе­ше за­до­вол­на. Да­ли сте за­до­вол­ни?

Пан­го: Се­ка­ко. Мо­ја­та ба­лет­ска ка­ри­е­ра ја поч­нав ка­ко ба­ле­ри­на, над­гра­ду­вај­ќи се ка­ко со­лист. Со го­ле­мо за­до­волс­тво и љу­бов ра­бо­тев ка­ко ба­ле­ри­на, но ко­га ми се отво­ри но­ва вра­та пред 11 го­ди­ни со мо­ја­та пр­ва де­би-прет­ста­ва „Јас Иси­до­ра“, тоа ста­на па­си­ја и жел­ба за по­втор­на и по­втор­на кре­а­ци­ја, без раз­ли­ка да­ли ра­бо­тев на ба­лет, опе­ра, дра­ма или мју­зикл.

„Оте­ло“ е мо­ја­та пос­лед­на кре­а­ци­ја, ко­ја ја на­пра­вив­ме за­ед­но со Прој­ков­ски. Јас и Де­јан ра­бо­ти­ме по­ве­ќе го­ди­ни за­ед­но на раз­лич­ни про­е­кти и мо­жам да ка­жам де­ка од­лич­но се раз­би­ра­ме… ди­ше­ме за­ед­но за прет­ста­ва­та. „Оте­ло“ е мно­гу ра­ди­кал­на прет­ста­ва, ко­ја е ра­бо­те­на во во­да, и иа­ко е во пра­ша­ње Шекс­пир, таа е со нов и мо­де­рен стил и израз. Мо­жам да ка­жам де­ка со Де­јан Прој­ков­ски ги ур­нав­ме сте­ре­о­ти­пи­те на ма­ке­дон­ски­от те­а­тар отва­рај­ќи ед­на но­ва стра­ни­ца ка­де што акте­ри­те мо­жат да ги иска­жат и најд­ла­бо­ки­те чув­ства. На­ви­сти­на имам пре­крас­но искус­тво со оваа прет­ста­ва ка­ко и со ан­самб­лот на Тур­ски­от те­а­тар во кој до­се­га сум ос­тва­ри­ла по­ве­ќе прет­ста­ви.

 

Дип­ло­ми­ра­вте и ма­ги­стри­ра­вте на Ака­де­ми­ја­та за му­зич­ко и тан­цо­во искус­тво во Плов­див, Бу­га­ри­ја, а по­тоа бе­вте ба­лет­ски пе­да­гог во ДМБУЦ „Или­ја Ни­ко­лов­ски – Луј”. Што најм­но­гу са­ка­те да им пре­не­се­те на мла­ди­те ка­ко искус­тво? Спо­ред Вас, што е нај­важ­но за еден ба­лет­ски тан­чар?

Пан­го: Во 2005 го­ди­на ма­ги­стри­рав на Ака­де­ми­ја­та за му­зич­ко и за тан­цо­во искус­тво ка­ко ба­лет­ма­стер и пе­да­гог. Јас сѐ уште сум про­фе­сор во сред­но­то ба­лет­ско учи­ли­ште ДМБУЦ „Или­ја Ни­ко­лов­ски – Луј“ по пред­ме­тот ка­ра­ктер­ни игри и мо­жам да ка­жам де­ка тоа е опус во мо­јот жи­вот на кој осо­бе­но му се ра­ду­вам – пе­да­го­ги­ја­та.

Исто та­ка, др­жам веж­би во мо­ја­та ма­тич­на ку­ќа, Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет и ре­пе­ти­ции на ко­ле­ги­те за те­ков­ни­те прет­ста­ви. Мла­ди­те, кои ве­ќе се опре­де­ли­ле за ба­лет, тре­ба да зна­ат де­ка ба­ле­тот е про­фе­си­ја што мо­ра не­из­мер­но да ја са­каш за да мо­жеш да ги из­др­жиш на­пор­ни­те про­би и ре­жи­мот на жи­вот. Ба­ле­тот се ра­бо­ти со љу­бов, тоа е умет­ност, тоа е танц, не гим­на­сти­ка. От­та­му би до­да­ла де­ка нај­важ­но за еден ба­лет­ски играч е да тан­цу­ва и да ја са­ка сце­на­та, се­ка­ко, со мно­гу кр­ва­ва ра­бо­та.

Olga-Pango-(4)

Пред ре­чи­си ед­на го­ди­на дој­до­вте на функ­ци­ја­та умет­нич­ки ди­ре­ктор на Ба­ле­тот во МОБ. Це­ла­та Ва­ша­та ка­ри­е­ра ја по­ми­на­вте во оваа ин­сти­ту­ци­ја, та­ка што сте чо­век од­на­тре, кој до­бро ги поз­на­ва ра­бо­ти­те. Има­вте ли ди­ле­ма да­ли да ја при­фа­ти­те функ­ци­ја­та?

Пан­го: Да, по­ми­на ед­на го­ди­на отка­ко ге­не­рал­ни­от ди­ре­ктор, Игор Дур­лов­ски ме наз­на­чи за умет­нич­ки ди­ре­ктор на ба­ле­тот. Не­мав ди­ле­ма, са­кав да го при­фа­там пре­диз­ви­кот и да при­до­не­сам на еден по­и­на­ков на­чин во ба­ле­тот. На­ви­сти­на, 27 го­ди­ни сум во ба­ле­тот и тоа е мо­јот втор дом. Со ко­ле­ги­те де­ли­ме до­бро и ло­шо со го­ди­ни, та­ка што мно­гу до­бро ги поз­на­вам ра­бо­ти­те од­на­тре. Се на­де­вам де­ка ќе од­го­во­рам на нив­ни­те оче­ку­ва­ња и на оче­ку­ва­ња­та на пуб­ли­ка­та, ко­ја сѐ по­че­сто е во Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет за да гле­да ба­лет.

 

Се раз­би­ра, на оваа функ­ци­ја дој­до­вте со сво­ја про­гра­ма, или ба­рем со пла­но­ви. Го ре­а­ли­зи­ра­вте ли до­се­га тоа што го пла­ни­ра­вте?

Пан­го: Си­гур­но де­ка дој­дов со пла­но­ви. Нај­на­пред са­кам да го етаб­ли­рам ба­ле­тот ка­ко про­фе­си­ја што е пре­стиж­на и ин­те­рес­на да се за­ни­ма­ваш со неа, ка­ко еден вид пре­диз­вик за мла­ди­те. Да се за­ни­ма­ваш со ба­лет е при­ви­ле­ги­ја. Ток­му от­та­му е жел­ба­та и иде­ја­та ма­ке­дон­ски­от ба­лет да мо­же да се но­си со го­ле­ми­те европ­ски и свет­ски ку­ќи. Ми­на­та­та го­ди­на имав­ме ед­на огром­на про­дук­ци­ја. Тоа е ба­ле­тот „Кле­о­па­тра“, кој го на­пра­вив­ме ка­ко 25-го­ди­шен ју­би­леј на на­ша­та при­ма­ба­ле­ри­на Але­ксан­дра Ми­јал­ко­ва. За се­ко­ја прет­ста­ва се ба­ра кар­та по­ве­ќе, а прет­ста­ва­та ја ра­бо­те­ше го­ле­ми­от ру­ски ко­ре­о­граф Ва­сил Мед­ве­дев.

 

Што да оче­ку­ва­ме на ре­пер­то­а­рот на Ба­ле­тот оваа го­ди­на?

Пан­го: Се­ка­ко и го­ди­на­ва не­ма да изо­ста­не ре­дов­ни­от кла­си­чен ре­пер­то­ар. Тоа се ба­лет­ски­те прет­ста­ви: „Рај­мон­да“, „Ле­бе­до­во езе­ро“, „Дон Ки­хот“, „Жи­зел“…Се раз­би­ра, мо­рам да го спо­ме­нам и дет­ски­от ре­пер­то­ар, кој ќе би­де за­ста­пен со те­ков­ни­те прет­ста­ви и со еден нас­лов на кра­јот на 2017 го­ди­на – „Пи­пи дол­ги­от чо­рап“. На по­че­то­кот на април ќе има­ме пре­ми­е­ра на кла­си­чен ба­лет „Ве­чер на Бур­нон­вил“, кој во ори­ги­нал­на вер­зи­ја ќе го пре­не­се Френк Ан­дер­сон. Во октом­ври ќе дој­де Иц­тик Га­ли­ли и ќе има­ме ве­чер на мо­де­рен ба­лет. Пред­ви­ду­ва­ме и го­сту­ва­ња на на­ши­те прет­ста­ви во странс­тво, та­ка што има­ме плод­на се­зо­на и се на­де­вам де­ка ба­лет­ска­та пуб­ли­ка ќе ужи­ва во про­гра­ма­та.

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Текст објавен во 232. број на неделникот „Република“, 10.2.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top