| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп не е фашист, туку борец за заборавените милиони Американци

Со ог­лед на те­ков­ни­те про­те­сти про­тив пре­тсе­да­те­лот Трамп и по­ви­ци­те за от­пор што ги упа­ту­ва­ат де­мо­крат­ски­те по­ли­ти­ча­ри и акти­ви­сти, при­ка­жу­вај­ќи ги Трамп и не­го­ви­те под­др­жу­ва­чи ка­ко фа­ши­сти и ксе­но­фо­би, не­кој би мо­жел да по­мис­ли де­ка ед­на ма­ла фрак­ци­ја на дес­ни­чар­ски­те на­ци­о­на­ли­сти ја пре­зе­ла кон­тро­ла­та врз Аме­ри­ка

Аме­ри­ка е дла­бо­ко по­де­ле­на, но не ме­ѓу фа­ши­сти и де­мо­кра­ти, ту­ку ме­ѓу ели­та­та и си­те дру­ги, а из­бо­рот на Трамп бе­ше отфр­ла­ње на ели­та­та.

Се­пак, тоа не зна­чи де­ка го­лем број де­мо­кра­ти и про­гре­сив­ци же­сто­ко не се про­ти­ват на Трамп. Тол­па­та де­мон­стран­ти има­ат не­што за­ед­нич­ко со по­ли­тич­ка­та и со ме­ди­ум­ска­та ели­та: тие сѐ уште не мо­жат да раз­бе­рат ка­ко Трамп ста­на пре­тсе­да­тел или зо­што ми­ли­о­ни Аме­ри­кан­ци про­дол­жу­ва­ат да го под­др­жу­ва­ат. Ду­ри и се­га, не­о­дам­неш­ни­те ан­ке­ти по­ка­жу­ва­ат де­ка по­ве­ќе Аме­ри­кан­ци ја под­др­жу­ва­ат из­врш­на­та на­ред­ба на Трамп за ими­гран­ти­те откол­ку што се про­ти­ват, но све­тот не го знае тоа со ог­лед на не­до­вол­на­та ме­ди­ум­ска по­кри­е­ност.

Ток­му ме­ди­у­ми­те, кон­цен­три­ра­ни во ур­ба­ни­те енк­ла­ви, има­ат те­шко­тии да ја раз­бе­рат под­др­шка­та за за­бра­на­та за па­ту­ва­ње на Трамп, од­нос­но це­ла­та не­го­ва аген­да за ре­фор­ми во ими­гра­ци­ски­от си­стем. Факт е де­ка го­лем број Аме­ри­кан­ци што гла­саа за Трамп, осо­бе­но оние во при­град­ски­те и во ру­рал­ни­те об­ла­сти од вна­треш­но­ста и од ју­гот на зем­ја­та, ве­ќе дол­го вре­ме се чув­ству­ва­ат иск­лу­че­ни од вла­ди­ни­те ин­сти­ту­ции. Тие са­ка­ат до­се­гаш­на­та со­стој­ба со ими­гра­ци­ја­та и тр­го­ви­ја­та да се про­ме­ни – пра­ша­ња што го до­не­соа Трамп во Бе­ла­та ку­ќа.

Во те­кот на пр­ви­те две не­де­ли по пре­зе­ма­ње­то на функ­ци­ја­та, се­ко­гаш ко­га Трамп ќе на­пра­ве­ше не­што со што ги шо­ки­ра­ше по­ли­тич­ки­те и ме­ди­ум­ски­те ели­ти, не­го­ви­те под­др­жу­ва­чи се ра­ду­ваа. Им се до­пад­на ко­га Трамп му ре­че на ме­кси­кан­ски­от пре­тсе­да­тел Енри­ке Пе­ња Ни­е­то де­ка, мо­же­би, ќе мо­ра да ис­пра­ти вој­ни­ци вдолж гра­ни­ца­та за да го за­пре вле­зот за ло­ши­те мом­чи­ња од Ме­кси­ко. Им се до­пад­на ко­га тој се за­ка­ни де­ка ќе го пов­ле­че до­го­во­рот на Оба­ма да при­фа­ти ил­ја­ди бе­гал­ци што Ав­стра­ли­ја од­би да ги згри­жи. Тие са­ка­ат Трамп да ги пов­ле­че фи­нан­си­ски­те ре­гу­ла­ти­ви од за­ко­нот Дод-Френк за Вол­стрит и да ги пре­ис­пи­та тр­гов­ски­те до­го­во­ри на САД. За­тоа и гла­саа за не­го.

Не­ус­пе­хот да се раз­бе­ре зо­што овие мер­ки се по­пу­лар­ни кај ми­ли­о­ни Аме­ри­кан­ци по­тек­ну­ва од дла­бо­ко­то чув­ство на иск­лу­че­ност од аме­ри­кан­ско­то оп­штес­тво, што не поч­на со Трамп или со из­бо­ри­те во 2016 го­ди­на. Со го­ди­ни, ми­ли­о­ни гла­са­чи се чув­ству­ваа за­по­ста­ве­ни од еко­ном­ско­то заз­дра­ву­ва­ње што во го­ле­ма ме­ра ги иск­лу­чи, со кул­ту­ра ко­ја се потс­ме­ва­ше на нив­ни­те ве­ру­ва­ња и вла­да ко­ја ве­ту­ва­ше про­ме­ни, но ни­ко­гаш не ус­пеа да ги ис­пол­ни.

svet232-2

Иск­лу­че­но­ста е нај­о­чиг­лед­на во цен­трал­но­за­пад­на Аме­ри­ка, во ме­ста ка­ко Акрон, мал град во се­ве­ро­и­сточ­ни­от дел на Оха­јо сме­стен по­крај ре­ка­та Ма­ла Ка­ја­хо­га. Цен­та­рот на гра­дот е ис­пол­нет со чи­сти и при­јат­ни ули­ци, парк за бејз­бол, ка­фу­ли­ња и уни­вер­зи­тет од ка­де што по­сто­ја­но се слу­ша џа­гор. Лу­ѓе­то се при­ја­тел­ски на­стро­е­ни и отво­ре­ни. Во мно­гу не­шта, тоа е иди­ли­чен аме­ри­кан­ски град.

Ка­ко и во мно­гу при­град­ски и ру­рал­ни за­ед­ни­ци низ зем­ја­та, во Акрон вла­дее смр­то­нос­на епи­де­ми­ја на хе­ро­ин. Ми­на­то­то ле­то во гра­дот се по­ја­ви нов син­те­тич­ки су­ро­гат за хе­ро­ин. Два­е­сет и ед­но ли­це се пре­до­зи­раа во еден ден. Во те­кот на след­ни­те не­де­ли се пре­до­зи­раа уште 300 ли­ца, а де­се­ти­ци го за­гу­би­ја жи­во­тот.

Епи­де­ми­ја­та на хе­ро­ин поч­на да се ши­ри по па­дот на ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво. Ед­но вре­ме Акрон бе­ше про­из­водс­твен цен­тар, дом на че­ти­ри го­ле­ми ком­па­нии за гу­ми, ка­де што сред­на­та кла­са бе­ше во по­раст. Де­нес, по­ве­ќе­то од тоа го не­ма. Фа­бри­ки­те за гу­ми одам­на се пре­се­ли­ја во странс­тво, а на­се­ле­ни­е­то во гра­дот по­сто­ја­но се на­ма­лу­ва од 60-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. Ток­му за тоа збо­ру­ва­ше Трамп во не­го­во­то обра­ќа­ње при ина­у­гу­ра­ци­ја­та.

Акрон не е единс­тве­ни­от. Гра­до­ви­те низ не­ко­гаш­ни­от аме­ри­кан­ски ин­ду­стри­ски по­јас, Апа­ла­чи­ја и дла­бо­ки­от југ, по­сте­пе­но про­па­ѓа­ат. Мно­гу од овие ме­ста ве­ќе дол­го вре­ме се де­мо­крат­ски упо­ри­шта, под­др­жа­ни од не­ко­гаш­ни­те ста­бил­ни син­ди­ка­ти.

На де­нот на из­бо­ри­те, ми­ли­о­ни де­мо­кра­ти што гла­са­ле за Ба­рак Оба­ма во 2008 и во 2012 го­ди­на, го да­доа сво­јот глас за Трамп. Во пред­вре­ме­ни­те из­бо­ри, тие де­мо­кра­ти гла­саа за про­ме­ни, со на­деж де­ка Оба­ма ќе им да­де при­о­ри­тет на по­тре­би­те на ра­бот­ни­ци­те пред ели­та­та и пред по­себ­ни­те ин­те­ре­си на Ва­шин­гтон и на Вол­стрит.

За мно­гу Аме­ри­кан­ци, Хи­ла­ри Клин­тон e оли­це­тво­ре­ние на ко­руп­ци­ја и на ин­те­ре­си­те на ели­та­та. Но, из­бо­рот на Трамп не е са­мо отфр­ла­ње на Клин­тон, ту­ку и отфр­ла­ње на до­се­гаш­на­та по­ли­ти­ка. Ако ме­ди­у­ми­те и по­ли­тич­ки­от естаб­лиш­мент го гле­да­ат Трамп ка­ко ви­ор на ха­о­сот и не­ком­пе­тент­но­ста, не­го­ви­те под­др­жу­ва­чи го гле­да­ат ка­ко не­кој што го пре­зе­ма скле­ро­тич­ни­от си­стем што тре­ба да се про­ме­ни. Тоа е ток­му она што мно­гу Аме­ри­кан­ци мис­леа де­ка го пра­ват пред осум го­ди­ни ко­га го по­ста­ви­ја се­на­то­рот од Или­но­ис во Бе­ла­та ку­ќа. Оба­ма ве­ти нов на­чин на вла­де­е­ње – де­ка тој ќе би­де пост­пар­ти­ски пре­тсе­да­тел, де­ка фун­да­мен­тал­но ќе ја транс­фор­ми­ра зем­ја­та, де­ка ќе се гри­жи за сред­на­та кла­са. Во екот на го­ле­ма­та ре­це­си­ја, лу­ѓе­то го под­др­жаа. Не­што очиг­лед­но не бе­ше во ред со по­ли­тич­ки­от си­стем и на аме­ри­кан­ски­от на­род му тре­ба­ше не­кој што ќе го по­пра­ви.

Впро­чем, т.н. дви­же­ње чај-пар­ти­ја не поч­на ка­ко ре­ак­ци­ја на пре­тсе­да­телс­тву­ва­ње­то на Оба­ма, ту­ку на тоа на Џорџ Буш. Спо­ред по­ве­ќе­то Аме­ри­кан­ци, фи­нан­си­ска­та кри­за бе­ше пре­диз­ви­ка­на од бан­ка­ри­те на Вол­стрит и од нес­по­соб­ност на по­ли­тич­ки­те ли­де­ри. Пред чај-пар­ти­ја­та да се пре­тво­ри во по­ли­тич­ко дви­же­ње, де­мон­стран­ти­те не беа са­мо тра­ди­ци­о­нал­ни кон­зер­ва­тив­ци што се гри­жеа за вла­да­та и за Уста­вот, тие беа, во нај­го­лем дел, обич­ни Аме­ри­кан­ци што сме­таа де­ка си­сте­мот е про­тив нив и тие са­каа про­ме­на.

Но, про­ме­на­та не се слу­чи. Оба­ма по­ну­ди се­ри­ја ма­сив­ни вла­ди­ни про­гра­ми, од фи­нан­си­ски сти­мул од 830 ми­ли­јар­ди до­ла­ри, до за­ко­нот за до­стап­на здрав­стве­на не­га, до за­ко­нот Дод-Френк, но ни­ту еден од нив не ги сре­ди еко­ном­ски­те гри­жи за сред­на­та кла­са. Аме­ри­кан­ци­те гле­даа ка­ко фе­де­рал­на­та вла­да им по­ма­га на бан­ки­те и на авто­мо­бил­ска­та ин­ду­стри­ја, а по­тоа во­ве­де ре­фор­ми во здрав­стве­ни­от си­стем, при што ми­ли­јар­ди до­ла­ри од да­ноч­ни­те об­врз­ни­ци се сле­ваа кај здрав­стве­ни­те оси­гу­ри­тел­ни ком­па­нии. Во ме­ѓу­вре­ме, пре­ми­и­те се зго­ле­ми­ја, еко­ном­ско­то заз­дра­ву­ва­ње се од­ви­ва­ше бав­но, а ми­ли­о­ни обич­ни ра­бот­ни­ци се свр­теа кон ку­по­ни за хра­на и со­ци­јал­ни про­гра­ми за да пре­жи­ве­ат. Аме­ри­кан­ци­те се за­пра­шаа: „Ка­де е мо­јот па­кет фи­нан­си­ска по­мош?“

svet232-3

Во исто вре­ме, тие гле­даа ка­ко све­тот ста­ну­ва сè по­не­ста­би­лен. Оба­ма ве­ти де­ка ќе ста­ви крај на не­по­пу­лар­на­та вој­на во Ирак и во Авга­ни­стан, де­ка ќе го вра­ти уг­ле­дот на Аме­ри­ка во ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца и де­ка ќе склу­чи ме­ѓу­на­род­ни до­го­во­ри што ќе до­не­сат ста­бил­ност. Ме­сто тоа, Аме­ри­кан­ци­те гле­даа ка­ко ИСИС се по­ја­ву­ва во ва­ку­у­мот соз­да­ден од пов­ле­ку­ва­ње­то на САД од Ирак во 2011 го­ди­на. Тие гле­даа ка­ко гра­ѓан­ска­та вој­на во Си­ри­ја пре­диз­ви­ка бе­гал­ска кри­за во Евро­па. Те­ро­ри­стич­ки­те на­па­ди инс­пи­ри­ра­ни од ИСИС го зе­доа сво­јот да­нок во Аме­ри­ка, ка­ко и во Евро­па. И се­то тоа се слу­чу­ва­ше до­де­ка ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Оба­ма ин­си­сти­ра­ше де­ка сè се од­ви­ва до­бро.

Сре­де се­то тоа дој­де Трамп. Сла­вен ми­ли­јар­дер со груб ка­ра­ктер, кој гле­да са­мо за сво­јот џеб. Тој има­ше вид­лив пре­зир за две­те по­ли­тич­ки­те пар­тии, за кои ре­че де­ка го из­не­ве­ри­ле аме­ри­кан­ски­от на­род. Тој по­ка­жа пре­зир кон по­ли­ти­ка­та за спор­ни­те пра­ша­ња, ка­ко те­ро­риз­мот, и во сво­ја­та кам­па­ња и во не­о­дам­неш­но­то обра­ќа­ње.

Во мно­гу не­шта аген­да­та на Трамп не е пар­ти­ски пре­поз­нат­ли­ва, осо­бе­но во об­ла­ста на тр­го­ви­ја­та. Ре­чи­си вед­наш по пре­зе­ма­ње­то на функ­ци­ја­та, исто ка­ко што ве­ту­ва­ше и Бер­ни Сан­дер за вре­ме на кам­па­ња­та, Трамп ве­ти де­ка ќе ги пов­ле­че САД од Транс­па­ци­фич­ко­то парт­нерс­тво, прог­ла­су­вај­ќи крај на мул­ти­ла­те­рал­ни­те тр­гов­ски до­го­во­ри. Тој, исто та­ка, им се за­ка­ни на аме­ри­кан­ски­те ком­па­нии со „гра­ни­чен да­нок“ ако отво­рат фа­бри­ки во странс­тво. Тоа не се тра­ди­ци­о­нал­ни ре­пуб­ли­кан­ски ста­во­ви, но се од­не­су­ва­ат на аме­ри­кан­ски­те ра­бот­ни­ци, кои гле­да­ат ка­ко ра­бо­то­дав­ци­те се пов­ле­ку­ва­ат од нив­ни­те за­ед­ни­ци и ги но­сат ра­бот­ни­те ме­ста во странс­тво.

Мно­гу­ми­на тра­ди­ци­о­нал­ни ре­пуб­ли­кан­ци отсе­ко­гаш не се сог­ла­су­ва­ле со Трамп. Во ос­но­ва не се сог­ла­су­ва­ат со не­го­ви­те ста­во­ви за тр­го­ви­ја­та и за ими­гра­ци­ја­та. Ду­ри и се­га, Кон­гре­сот на ре­пуб­ли­кан­ци­те се бу­ни про­тив гра­нич­ни­от ѕид со Ме­кси­ко што го пред­ло­жи Трамп и ве­ту­ва де­ка ќе ги бло­ки­ра си­те но­ви тро­шо­ци за тоа. Тие, исто та­ка, не се сог­ла­су­ва­ат и лич­но со Трамп. Трамп го освои гла­сот на не­кои ре­пуб­ли­кан­ци со ве­ту­ва­ње­то де­ка ќе но­ми­ни­ра кон­зер­ва­ти­вен су­ди­ја да го за­ме­ни су­ди­ја­та од Вр­хов­ни­от суд, Ан­то­нин Ска­ли­ја – ве­ту­ва­ње што го ис­пол­ни ми­на­та­та не­де­ла со наз­на­чу­ва­ње на су­ди­ја­та Нил Гор­сач.

Отка­ко Трамп ја освои но­ми­на­ци­ја­та на на­ци­о­нал­на­та кон­вен­ци­ја на ре­пуб­ли­кан­ци­те, по­ве­ќе­то ре­пуб­ли­кан­ски гла­са­чи зак­лу­чи­ја де­ка, и по­крај се­та не­си­гур­ност што ја има­ат за не­го, тој е мно­гу по­до­бра ал­тер­на­ти­ва од Клин­тон.

Из­бо­ри­те од 2016 го­ди­на не беа са­мо ре­фе­рен­дум за осум­те го­ди­ни што Оба­ма ги по­ми­на во Бе­ла­та ку­ќа, ту­ку отфр­ла­ње на це­ли­от по­ли­тич­ки си­стем што ја пре­диз­ви­ка вој­на­та со Ирак, фи­нан­си­ска­та кри­за, не­ус­пеш­ни­от за­кон за здрав­стве­на за­шти­та и шо­кант­на­та не­ед­на­квост во при­хо­ди­те за вре­ме на бав­но­то еко­ном­ско за­креп­ну­ва­ње. Од Акрон до Ал­ја­ска, ми­ли­о­ни Аме­ри­кан­ци ед­но­став­но ја за­гу­би­ја до­вер­ба­та во нив­ни­те ли­де­ри и во ин­сти­ту­ци­и­те што тре­ба­ше да им слу­жат. Во нив­ни­от очај, тие се свр­теа кон чо­ве­кот што не ги по­чи­ту­ва ели­ти­те и не­ма ни­ка­ква ко­рист од нив.

Во сво­јот го­вор при ина­у­гу­ра­ци­ја­та, Трамп из­ја­ви: „Де­нес, ние не ја пре­фр­ла­ме вла­ста од ед­на ад­ми­ни­стра­ци­ја на дру­га или од ед­на пар­ти­ја на дру­га, ту­ку од Ва­шин­гтон ви ја вра­ќа­ме вам, на на­ро­дот“. Во се­кој слу­чај, овој вид по­пу­ли­зам мо­же да би­дат опа­сен и не­пред­вид­лив, но не се ја­ву­ва од ни­ка­де. Са­мо ко­рум­пи­ран по­ли­тич­ки естаб­лиш­мент би мо­жел да пре­диз­ви­ка по­ли­тич­ки ре­волт од овој раз­мер. Ме­сто да се об­ви­ну­ва Трамп за по­ра­стот на рас­из­мот и за ксе­но­фо­би­ја­та, тре­ба да се об­ви­ну­ва­ат тие што ни­ко­гаш не го пред­ви­де­ле тоа и сѐ уште не раз­би­ра­ат зо­што тол­ку мно­гу Аме­ри­кан­ци по­ве­ќе го са­ка­ат До­налд Трамп во Бе­ла­та ку­ќа откол­ку да стра­да­ат од вла­де­е­ње­то на ели­та­та.

Из­вор: „Гар­ди­јан“
Пре­вод: Ана Цве­та­но­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top