| четврток, 6 декември 2018 |

Охридскиот маратон и понатаму во календарот на ФИНА, ќе се плива на 19 август

Tomi_Stefanovski_i_Evgenij_Pop_Acev

Според календарот на ФИНА, кој од вчера е официјален, 31. издание на Охридскиот пливачки маратон пак ќе биде дел од гран-при серијата сезонава и ќе се одржи на 19 август.

Маратонот во Охрид пак ќе биде претпоследен во гран-при серијата, а Томи Стефановски нема да може да ја брани титулата бидејќи се повлече од пливањето.

Гран-при серијата ќе почна со маратонот во реката Коронда во Аргентина, па е маратонот Сен Жан во Канада на 27 јули, а маратонското пливање завршува во Капри, Италија, на 3 септември.

Дамјан Блаум во машка и Барбаро Поцомбо во женска конкуренција се бранители на титулите од минатата сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top