Шведската полиција трага по сторителите кои учествуваа во немирите во изминатите седум дена во неколку предградија на Стокхолм. Според полициски податоци, во изминатите седум дена пријавени се 220 кривични дела, а досега се приведени 60 лица под сомнение дека учествувале во немирите и судирите со полицијата.
Последните седум дена група млади имигранти учествуваше во немирите во предградијата на Стокхолм, при што беа палени автомобили, кршени прозорци на приватните згради и на училиштата и фрлаа камења врз полицајците. Според тврдењата на локалното население, немирите избија откако шведската полиција уби 69-годишен имигрант во предградието Хусбо во Стокхолм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.