| четврток, 6 декември 2018 |

Шеесетина уапсени за немирите во Стокхолм

Шведската полиција трага по сторителите кои учествуваа во немирите во изминатите седум дена во неколку предградија на Стокхолм. Според полициски податоци, во изминатите седум дена пријавени се 220 кривични дела, а досега се приведени 60 лица под сомнение дека учествувале во немирите и судирите со полицијата.

Последните седум дена група млади имигранти учествуваше во немирите во предградијата на Стокхолм, при што беа палени автомобили, кршени прозорци на приватните згради и на училиштата и фрлаа камења врз полицајците. Според тврдењата на локалното население, немирите избија откако шведската полиција уби 69-годишен имигрант во предградието Хусбо во Стокхолм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top