Професорката Гордана Сиљановска во вчерашното гостување во емисијата Топ тема, која се емитува на телевизија Телма, зборуваше за барањата на албаските партии. Таа од научен аспект тврди дека за некои од овие барања е потребна промена на Уставот, односно дека тие немаат уставна основа.
Сиљановска понатаму објаснува:
-Службен јазик е и албанскиот јазик, меѓутоа не во капацитет и обем во којшто во првиот став е кажано македонскиот јазик. Дека моето научно толкување не е попусто деновиве, ми се потврди бидејќи ми падна в раце книгата преговорите за постигнување на Охридскиот договор од Вејтон Јатифи, во која има документи со факсимили на договорите во кои се зборува за предлозите на познатиот професор Пол Вилјамс, за Призренската декларацијата, за Рамковниот договор и така натаму. И таму изрично пишува дека имало сериозни проблеми во преговорите. Чудно ми е, значи овде се вели дека после реакциите на предлозите на албанските партипециенти кои барале албанскиот јазик да има полн капацитет на втор официјален јазик во Македонија во сите институции. Ова беше формулација и на меѓународните олеснувачи, што објаснува дека на крајот се дојде до заклучок албанскиот јазик да биде официјален, но не со капацитетот што бараше албанската страна. И наброени се ситуациите што јас ги споменав. Значи јас не велам дека е тоа невозможно барање, јас само велам дека во сегашната уставна и рамковна рамка нема правен основ за ова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)