Работник, кој што работел на инсталирање на електрични кабли, починал поради пад од бандера во Охрид, пишува „Охриднет“. Со тешки телесни повреди, работникот после фаталниот пад, бил пренесен во општата болница Охрид. Поради тешките повреди бил транспортиран за скопските клиники, но за жал по пат починал. Несреќниот случај се случил во населбата Рача каде службено го извршувал работниот зафат денес околу пладне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.