Марио Манџукиќ важи за беспоштеден борец на теренот и напаѓач кој секој тренер би посакал да го има во својот тим, не само поради тоа што е опасен во противничкиот шеснаесетник, туку и поради тоа што постојано се враќа во одбрана за да им помогне на своите соиграчи во дефанзивната линија.
Манџукиќ досега безброј пати доби неверојатни пофалби од Џиџи Буфон кој е воодушевен од карактерот, посветеноста и солидарноста на напаѓачот, но покрај овие одлики, меѓу играчите на Јувентус има една особина кај Хрватот која предизвикува голема смеа во соблекувалната.
Имено, сите во соблекувалната на Јувентус го знаат Манџукиќ како голем намќор, односно како човек кој не покажува никакви емоции дури и кога е нешто за смеење и нешто за плачење. Таквата особина кај популарниот Манџо често наидува на комични коментари од неговите соиграчи, а сега Јувентус направи еден навистина урнебесен и необичен експеримент со Марио, преку кој се обиде да го омекне и да изнуди некаква реакција од него.
Резултатот беше неуспешен, а пораката на Манџукиќ гласи „Не е доволно добро“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.