| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Да го заборавиме Загреб, следен е Чеховски Медведи

lino-cervar

Металург в недела (17.30 ч.) пред својата публика во „Борис Трајковски“ со деулот протиув Чеховски медведи ќе го заврши настапот во Лигата на шампионите за оваа сезона. Овој последен натпревар од ЛШ, за „металурзи“ доаѓа по вчерашната голема победа против фаворизираниот ППД Загреб во регионалната СЕХА лига. Но, тренерот Лино Червар истакнува дека оваа победа, колку и да ја подигнува самодовербата во младиот состав на Металург, мора да се заборави и целото внимание да се посвети на она што им претстои в недела.

– Треба да го заборавиме она што беше вчера и да мислиме на она што ни претстои в недела. Ова е нов меч и нова приказна за нас. Тоа ќе биде чекор напред во однос на лани. Ако ги победиме Чеховски медведи, ќе биде обезбедено трето место во групата што за оваа млада екипа и за мене е позитивно и е чекор напред. Имаме најмлада екипа во ЛШ и за мене тоа ќе биде добар успех – истакна Червар на денешната прес-конференција.

На првиот натпревар против Чеховски медведи во Русија, Металург загуби со 25-21, по едно лошо прво полувреме во кое „металурзи“ губеа со 14-8. Од тој натпревар може да се извлечат многу поуки и да се постави игра што ќе им донесе позитивен резултат на неделниот дуел.

– Со Чеховски игравме во октомври во Русија, во првиот дел имавме големи проблеми, губевме убедливо. Тоа е незгоден противник за нас комбинација на искусни играчи и добри млади играчи. Чеховски медведи има цврста млада, брза екипа. Имаа неколку изненадувачки резултати сезонава, ја победија Ла Риоха во гости, па изгубија некои мечеви дома. Незгоден поротивник за нас, имаат висина, имаат добра полуконтра. Најчесто ја играат таа одбрана 5-1 која Максимов инсистира, но знаат да одиграат добро и на 6-0. Мора да најдеме одговор за нивната одбрана без разлика како ќе играат во недела. Се надевам дека, како и секогаш и на овој меч ќе имаме голема поддршка од нашата публика. Ќе се обидеме да пружиме максимум и со позитивен резултат да го завршиме настапот во ЛШ – вели хрватскиот стратег на клупата на Металург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top