Вчера во 09.15 часот во Штип, на местото познато како Калимерово во близина на реката Брегалница, е пронајден починат Ѓ.П. (75) од Штип, кој на 7 февруари бил пријавен за исчезнат од страна на неговиот син У.П. (49) од Штип.
Смртта е констатирана од страна на лекар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.