Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски нема мир со повредите. Средниот бек на Вецлар на вчерашниот натпревар од првото пролетно коло од Бундес-лигата не го доигра натпреварот против Мелсунген бидејќи ја обнови повредата на мускулот, која ја здоби на натпреварот со Исланд на Светското првенство.
Миркуловски со болка и лоша гримаса го напушти теренот и ја чека магнетната резонанција за точно да го дознае периодот на пауза и да го започне рехабилитацискиот процес.
Некогашниот ракометар на Металург и Хановер навистина нема среќа со повредите, кои не го заобиколија во текот на кариерата. Миркуловски по Светското првенство во Франција најави дека и во иднина ќе настапува за националната репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.