| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец починал од маларија, двајца заболени скопјани на лекување во Србија

Шеесет годишен тетовец пред 10 дена починал од маларија на Клиниката за инфективни болести. Прво го лекувале во локалните болници, но поради тешката форма на заразата итно бил препратен во Скопје. Само четири часа по приемот на Инфективна починал. Тој е првиот случај регистриран годинава а болеста ја добил по престој во африканска земја.

– Бил во Африка, односно, во Централно африканската република и по враќањето, по појавата на првите симптоми бил кај матичен. Но болеста кај него била во многу тешка форма, би рекла експлозивна и починал – вели Гордана Кузмановска шеф на епидемиологија во Институт за јавно здравје (ИЈЗ).

Институтот регистрирал уште два случаи со маларија кај млади скопјани кои завршиле на лекување во Клиничкиот центар во Белград. И двајцата биле во Гана, каде во исто време заболеле. Кај едниот маларијата се повратила, откако минатото лето во афричката бил лекуван од ова тропско заболување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top