| четврток, 6 декември 2018 |

Второ продолжение на еротската романтична драма: „50 нијанси потемно“ премиерно во „Синеплекс“

Џејми Дорнан и Дакота Џонсон се враќаат како Кристијан Греј и Анастасија Стил во филмот “50 Нијанси Потемно“ – второто продолжение на светскиот бестселер и феномен “50 Нијанси“. Кога повредениот Кристијан Греј ќе проба да ја намами внимателната Ана Стил повторно во својот живот, таа бара нов договор пред да му овозможи втора шанса. Додека двајцата пробуваат да изградат доверба и стабилност, мрачни фигури од минатото на Кристијан почнуваат да кружат околу овој пар, одлучни да ги уништат плановите за нивната иднина.

Главните улоги ги толкуваат Дакота Џонсон и Џејми Дорнан, како Анастасија Стил, студентка по литература и Кристијан Греј, бизнисмен. Филмот е втор дел од трилогијата на Е.Л.Џејмс, а режисер е Џејмс Фоли. Во филмот игра и познатата американска актерка, поим за сексапил, Ким Бесинџер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top