Започнува епската авантура „Воркрафт: Почеток“, адаптација на првата „Воркрафт“ игра за првата војна помеѓу орките и луѓето, базирана на светскиот феномен на Blizzard Entertainment. Биле потребни 123 дена за да се заврши снимањето на филмот, а дијалектот на орките бил креиран специјално за филмот.
Мирното царство на Азеротите е на работ на војна кога нивната цивилизација ќе се соочи со бестрашната раса освојувачи. Воините на Орките бегаат од својот дом кој е на работ на пропаст и сакаат да колонизираат друг свет. Кога ќе се отвори порталот што ги спојува двата света, една војска се соочува со уништување, а друга со исчезнување. На двете завојувани страни, двајца херои ќе тргнат еден на друг, а тоа ќе ја одреди судбината на нивните семејства, нивниот народ и нивниот дом. Така започнува спектакуларната сага за моќта и жртвувањето во која војната има многу лица и каде секој се бори за нешто.
Претпремиерно прикажување на „Воркрафт“ беше одржано на 1.јуни во Cineplexx, на само 8 дена пред САД.
За љубителите на хорор филмовите пристигнува новото продолжение „Повикување 2“ во кое повторно ќе можеме да ги гледаме Ед (Патрик Вилсон) и Лорејн Ворен (Вера Фармиг) во улога на паранормални истажувачи, кои овој пат ќе патуваат во Англија. Приказната е базирана на вистинити настани во периодот од 1977 до 1979 година кои се случувале во една куќа во англискиот град Бримсдаун. Се работи за една од најважните паранормални случаи во светот кои ги погодиле семејството Ходгсон, а Ед Ворен овој случај го наведол како една од најстрашните искуства во текот на неговата кариера. Ед починал во 2006 година, а Лорејн и денес се занимава со истражување на паранормални појави. Овој случај е тема на бројни книги, документарци, хорори и ТВ серии.
Анимираниот филм „Чуварите на Оз“ е приказна за лоша вештерка која ќе се здружи со своите летечки мајмуни во обид да си ги поврати моќите. Малиот пријателски мајмун по име Ози ќе застане на страната на чуварите на Оз со цел да ја поразат лошата Евлин и да ја спречат во остварувањето на нејзините планови. Филмот е синхрониран на македонски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.