| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ се извлече во судиското продолжение и го победи Лил (видео)

lukas

ПСЖ беше на работ на уште еден кикс на „Паркот на принцовите“, но на крајот успеа да слави против Лил на „Паркот на принцовите“ со 2-1. Бразилецот Лукаш Моура беше стрелец на победничкиот гол за „светците“ во судиското продолжение, откако голманот Ареола неколку минути претходно направи катастрофална грешка и му подари израмнување на Лил.

Единсон Кавани го доведе Пари Сен Жермен во водство во 70.минута, но Лил израмни во 86.минута преку Де Превил, откако голманот Ареола си поигруваше со топката во сопствениот шеснаесетник и ја загуби.

Сепак, Лукаш донесе три бода за ПСЖ со голот во првата минута од судиското продолжение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top