| четврток, 6 декември 2018 |

Шок за „гробарите“, Џикиќ е прв пик за селектор на Босна и Херцеговина

aleksandar dzikic

Поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ е прв пик за кормилар на селекцијата на Босна и Херцеговина, објавија медиумите во оваа земја.

Дамир Мулаомеровиќ го напушти кормилото на БиХ, по неуспехот во квалификациите, а сега челниците на кошаркарската федерација на БиХ бараат чаре и нов селектор.

Меѓу кандидатите и тоа во преден план е и Џикиќ, кој со успех ја предводеше нашата репрезентација и со подмладен состав успеа да не одведе на претходното Европско првенство. Непосредно пред почетокот на континентапниот собир, тој си замина по несогласувањата со новиот претседател на МКФ, Петар Наумоски.

Моментно Џикиќ е тренер на Партизан од Белград и за кратко време стана миленик на „гробарите“. Со него на чело „црно-белите“ доживеаја вистински препород, победувајќи ја и фаворизираната Црвена Звезда во неделниот натпревар во рамките од АБА лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top