Влезиците за заедничкиот концерт на Владо Георгиев и Тони Цетински, закажан за на 18 фебруари во спортската сала „Вип арена – Борис Трајковски“ се веќе 70 отсто распродадени.
Цената до 15 фебруари останува иста, 600 денари за партер и 700 денари за седење. Картите може да се резервираат преку онлајн-мрежата на „купикартизасе“ или да се купат во музичката продавница „Пола Југотон“, „Розе Веро – 2“ и „Ситимол“.
– Остануваат уште многу мал број на билети. Владее огромен интерес кај публиката како за никој досега. Бидејќи ова е прв и единствен концерт во регионот, заинтересирани се луѓе и од околните градови од Србија, потоа Косовска Митровица и уште неколку други градови. Со оглед на тоа дека Владо и Тони првпат во животот пеат заедно и ќе бидат на иста сцена, ова ќе биде еден од најдобрите концерти оваа година – велат организаторите на овој концерт.
За концертот има и организиран превоз и од сите градови во земјава.
За повеќе информации во врска со концертот кликнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Пијанистот Дино Имери со концерт го прославува 10-годишниот јубилеј
-
Ваков го немате видено: Георгиев се појави со жената, а после неколку часа се клатеше со хитовите на Лепа Брена!