| четврток, 6 декември 2018 |

Концертот на Владо Георгиев и Тони Цетински скоро распродаден

Влезиците за заедничкиот концерт на Владо Георгиев и Тони Цетински, закажан за на 18 фебруари во спортската сала „Вип арена – Борис Трајковски“ се веќе 70 отсто распродадени.

Цената до 15 фебруари останува иста, 600 денари за партер и 700 денари за седење. Картите може да се резервираат преку онлајн-мрежата на „купикартизасе“ или да се купат во музичката продавница „Пола Југотон“, „Розе Веро – 2“ и „Ситимол“.

– Остануваат уште многу мал број на билети. Владее огромен интерес кај публиката како за никој досега. Бидејќи ова е прв и единствен концерт во регионот, заинтересирани се луѓе и од околните градови од Србија, потоа Косовска Митровица и уште неколку други градови. Со оглед на тоа дека Владо и Тони првпат во животот пеат заедно и ќе бидат на иста сцена, ова ќе биде еден од најдобрите концерти оваа година – велат организаторите на овој концерт.

За концертот има и организиран превоз и од сите градови во земјава.

За повеќе информации во врска со концертот кликнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top