Облека, накит, обувки, спортка опрема, бела техника. Сѐ што ќе ви падне на памет и сето она што сте посакувале да го имате, сега може да го добиете по намалена цена со дури 70% попуст. Ова ви го овозможува Трговскиот центар „Рамстор“, кој веќе петта година по ред ја организира својата веќе позната акција „Garage Sale“.
Водејќи се по принципот на големите попусти во најпознатите трговски центри насекаде низ светот, Рамстор за љубителите и шопинг зависниците ќе овозможи големо намаление на цените во сите продавници што се дел од трговскиот центар. Зимската распродажба започна денеска и ќе трае до 12 февруари, правејќи ги тие денови вистински предизвик за сите купувачи.
-Атрактивните намалувања на цените, како и генерално концептот „Garage Sale“ е настан на којшто и најпребирливите нема да можат да му одолеат. Успешноста на оваа акција од минатите години ни дозволува и ни дава поттик да продолжиме да се грижиме и секогаш да обезбедуваме најповолни услови и цени за нашите посетители – изјави директорот за развој и инвестиции на трговскиот центар „Рамстор“, Џеладин Џули.
Со започнувањето на оваа акција, присуството и посетата во „Рамстор мол“ се задолжителни за сите затоа што за време на оваа распродажба со сигурност секој ќе најде нешто за свој вкус по намалена цена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Повеќе од 100.000 долари за намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата (видео)
-
Скопјанец се бори за живот откако растроен маж со шрафцигер лудувал околу „Рамстор“
-
Инцидент пред „Рамстор“: Спречена трагедија поради сообраќајно недоразбирање
-
Уште два дена од „Garage sale“ во „Рамстор“! Проверете каде и колку има попуст на вашите омилени производи!