Претседателот на кралскиот клуб, Флорентино Перез, е бесен на управата на Ла Лига поради одложувањето на натпреварот со Селта, пишуваат шпанските медиуми. Челниците на Реал Мадрид, наводно, биле до толку незадоволни од однесувањето и одлуките кои ги носат раководните луѓе на Примера, што ја разгледувале дури и опцијата да го напуштат домашното првенство.
Натпреварот, кој требаше да се одигра во неделата во Виго, беше одложен поради лошите временски услови во шпанската покраина Галиција.
Реал е незадоволен бидејќи, според нив, за санирање на покривот ошетен во неверемото луѓето од Селта имале на располагање 36 часа, односно се прашуваат зошто челниците на Примера не затвориле дел од стадионот. Исто така во Реал биле шокирани од одлуката што негативно било одговорено и на нивното барање натпреварот в недела да се одигра на неутрален терен.
Незадоволството во редовите на „кралскиот клуб“ е предизвикана од густиот распоред, кој во наредниот период го очекува Реал.
Перез е убеден дека во некоја друга европска земја натпреварот би бил организиран на некој друг терен, се заканил дека ќе ја напушти Примера и предложил формирање на европска Суперлига.
Од друга страна во Виго се зачудени од ваквите жестоки реакции на Перез, бидејќи како што велат очекувале да има разбирање, откако било утврдено дека стадионот не ги исполнува безбедносните услови за да биде одигран натпреварот.
„Никој од целата организација не може да прифати дека Реал на прво место го стави одигрувањето на натпреварот, без да се загрижи за безбедноста на навивачите. За безбедноста на играчите воопшто нема да трошиме зборови“, го пренесува ставот на Селта весникот AS.
Поради силниот ветер кој ја погоди Галиција, беше однесен и покривот на стадионот во Ла Коруња, поради што во петокот беше одложен натпреварот помеѓу Депортиво и Бетис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.