| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџер ја убил својата сестра

Деветнаесетгодишна тешко повредена девојка починала во Клиничкиот центар Ниш. Се работи за Србинката Ј.Џ., која со прострелна рана била донесена со Брза помош, а лекарите се обиделе да ја спасат.

Таа била застрелана со пушката на татко и, со која во моментот ракувал нејзиниот 15-годишен брат. Се претпоставува дека пушката испукала случајно.

Како што дознава српски „Блиц“, девојката била застрелана во вратниот дел на ‘рбретот.

 

Полицискиот увид е во тек, а на местото на настанот се наоша и јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top