Влегуваме во финале за избор на нова влада. Дали е можно СДСМ и ДУИ да се договорат. Да, можно е. Дали е тоа сигурно и извесно. Не, не е сигурно, и колку што е можен договор, барем исто толу можно е и ДУИ да не се договори со Заев, анализира уредникот на Сител, нвинарот Драган Павловиќ Латас во денесшната колумна „Награда“.
Да ги разгледаме околностите, со равноправен третман.
ДУИ е единстевн губитник на овие избори, и тоа сериозен пораз со загуба на скоро 40 проценти на гласачите во однос на минатите избори што создава сериозен земјотрес во партијата. Толку голем земјотрес што и шефовска фотеља на Али Ахмети се тресе.
Зошто ДУИ загуби. Затоа што СДСМ им зема 30.000 гласачи и ги стави на своја сметка, а потоа уште 40.000 гласови им зема Беса затоа што Теута Арфи во Тетово, Бејта во Гостивар и Изет Меџити во Чаир работеле лошо, создале критична маса на противници кои, потоа, гласаа против ДУИ. Ако само се погледнат општините и местата во кои СДСМ им земал гласови на ДУИ веднаш, без многу анализа, ќе се види дека се тоа општини и села во кои најголемо влијание имаат командантите на УЧК: Танушевци, Гошинце, Арачиново, Кондово, Сарај, Студеничани… комаданти на УЧК со кои СДСМ има сојуз.
Дело од тој сојуз за УЧК помош на СДСМ е и нападот врз полицијата во кумановско Ново насеље, во мај 2015, време кога СДСМ вршеше удар врз институциите и владата со објавувањето туѓи приватни телефонски разговори и насилни демонстрации низ Скопје.
Се продаваа низ Македонија, Косово и Србија и се објавуваа телефонски разговори, и службени и приватни, на Али Ахмети и други функционери на ДУИ додека во исто време, паралелно, медиуми на македонски и албански блиски до СДСМ, Сорос и американската УСАИД фондација тераа брутална кампања против ДУИ и Ахмети. Резултатот е виден.
СДСМ е иницијатор на постапка против Али Ахмети и Муса Џафери пред СЈО за криминал и поткуп од Телеком. Од СДСМ зависи дали тие ќе преживеат на слобода.
Тоа се силни аргументи на Заев и СДСМ да го натераат Ахмети на соработка.
Според сево ова, а не е само тоа, СДСМ има директно влијание врз лошите изборни резултати на ДУИ заради кои сега партијата доживува земјотрес.
И, после се, Заев и СДСМ на поразениот ДУИ му нудат коалиција, соработка. Треба да си ѓон образ, и да погазиш сопствен лик, дело и достоинство и после сево како валкан изгазен партал да седнеш со Заев на маса и договараш коалиција.
Дали Али Ахмети и неговите први соработници кои две години беа газени од Заев и СДСМ се парталот со кој Заев ќе го брише патот до нова влада? Ќе видиме.
Ако Ахмети, Муса Џафери и партијата навистина имале криминал со Телеком, случај кој сега им го водат СЈО и Зоран Заев, ќе мора да спасуваат глава и да преговараат. Во тој случај, нив не ги интересира ни албанска платформа, ни углед ни политичка визија туку само гола заработка и надеж дека заработеното ќе се сочува. И – ќе се договорат.
На тој начин Заев и СДСМ ќе бидат наградени од нивните жртви. Прво што Ахмети ќе го добие како награда, компензација, е тоа што СЈО ќе го ослободи Али Ахмети од одговорност за корупција со Телеком. Како што ги ослободија Заев и Верушевски.
ДУИ е партија која речиси во целост лежи врз личниот авторитет и итрина на Али Ахмети. Она другото, околу него, во голем дел паразитира и се храни од придобивките на неговата политичка големина. Познато е дека Али Ахмети и неговите најблиски соработници беа за коалиција со ВМРО ДПМНЕ, што беше напаѓано од паразитите во партијата и губитниците – градоначалници. Доколку Ахмети потпише коалиција со СДСМ тоа е пораз на неговиот став и концепт. И тоа јасен и голем пораз по кој неговата власт во партијата се доведува во прашање, и се охрабруват многумина да имаат свои планови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.