| четврток, 6 декември 2018 |

Посетете ја Костарика за 3 минути (Видео)

Незаборавни кадри даваат километрите прашума, активниот вулкан и природните термални извори.
Богатиот и уникатен биодиверзитет ја прават Костарика мамка за љубителите на природата. Ако сакате опуштање, а не сте сигурни каде да појдете, ова триминутно видео ќе ја донесе одлуката место вас.

Блогерот Фејс ду Монде, на своето тринеделно патување, со објективот на камерата фатил крокодили, ретки птици, желки, мајмуни и други животни. Незаборавни глетки даваат и километрите прашума, активниот вулкан и природните термални извори.

Тој го посетил Сан Хозе, Тортугуеро, Пуерто Виехо де Лимон, Ла Фортуна, Ринкон де ла Виеха, Корковадо, Мануел Антонио и Увита, а што снимил погледнете во видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top