| четврток, 6 декември 2018 |

Пол Пирс со сите почести испратен во пензија во неговиот „ТД Гарден“ (видео)

pol pirs

Крај на кариерата со стил во ист ден кога и дебитираше 18 години подоцна, „Вистината“ како што го нарекуваат големиот Пол Пирс ја заврши кариерата. Тој вечерва во „ТД Гарден“ како член на Лос Анџелес Клиперс гостуваше кај неговата поранешна екипа Бостон Селтик. Таму каде што ја започна својата кариера, Пирс и ја заврши како што најдобро знае, со тројка на 11 секунди до крајот. Но, уште повпечатлива беше реакцијата на публиката која со стоечки овации го поздрави својот некогашен миленик. Пирс видно полн со емоции го бакна паркетот и се заблагодари на присутните.

– Драго ми е што Док ми даде шанса да заиграм. Пред 18 години првпат почнав каков стартер, а еве сега завршувам во во „ТД Гарден“ на ист ден. Каква коинциденција, каква иронија – рече Пирс.

Бостон извојува победа против „клиповите“ со 107-102, но резултатот вечерва беше во втор план во Бостон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top