| четврток, 6 декември 2018 |

Вестбрук продолжува со одличната игра, со 42 поена го совлада Портланд (видео)

rasel vestbruk

Во сенка на  спектаклот Супербоул во САД, синоќа беа одиграни три натпревари од НБА-лигата.

Оклахома славеше против Портланд со 105-99 на свој терен за 30. победа сезонава, а најзаслужен за новото славење беше кој друг ако не Расел Вестбрук со своите 42 поени, дополнети и со осум асистенции и четири скока. Дури 19 поени Вестбрук постигна во последната четвртина, вклучувајќи ја и тројката што на самиот крај ја запечати победата.

Голема помош Вестбрук имаше во Виктор Оладипу, кој постигна 24 поени, а имаше и 13 скока, додека Андре Робертсон постигна 14 поени, дополнети и со 11 скока. Кај поразените, традиционално најдобри беа Дамиен Лилард со 29 поени и Мекалум со 19 поени.

На другите два меча Торонто славеше на гостувањето на Бруклин со 105-93, додека Бостон беше подобар од ЛА Клиперс со 107-102.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top