| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна состојба поради „Фукушима“: Протекува нуклеарно гориво, радијацијата предизвикува моментална смрт

Во Фукушима е измерена рекордно количество радијација, што резултираше со воведувње вонредна состојба во јапонската нуклеарна централа.

Стручњаци соопштуваат дека радијацијата доаѓа од дупка што на оплатата ја направило нуклеарно гориво, кое сега почнало да се излева во океанот.

fukusima-japonija-reaktor-nuklearna-centrala

Како  што се наведува во соопштението, со ендоскопски испитувања во просторијата со реакторот 2 кон крајот на јануари е утврден степен на радијација од 530 сиверти на час, кој предизвикува моментна смрт.

Портпаролот на компанијата Тепко, Тацуширо Јамагаши, за „Франс прес“ изјавил дека тој степен на радијација е седумпати повисок од тој што бил измерен во 2012 година, кој изнесувал 73 сиверти на час.

Три од вкупно шесте реактори сериозно беа штетени во хаварија што ја предизвикаа земјотрес и цунами во 2011 година, a со досегашните испитувања не беше возможно прецизно да се утврди дали во нив дошло до протекување на гориво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top