Поп-пејачката Ана Николиќ откако се омажи со Раста постојано е во фокусот на медиумите. Ана е позната како личност што избрзува, а токму поради оваа своја карактеристика таа ненадејно откри сосема неочекувана вест среде емисијата „Јас имам талент“, каде што е член на жирито.
Медиумите некое време се обидуваат да дознаат дали е бремена, но таа самата ја „плукна“ вистината дека чека близнаци.
-Од мене имаш три „да“, му кажа Ана на кандидатот и додаде дека од неодамна нејзиниот глас вреди за тројца, а публиката тоа го сфати како важна вест од нејзиниот стомак.
Во публиката дури и Раста остана шокиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.