| четврток, 6 декември 2018 |

Гла­му­рот на Ша­нел

Бо­и­те се про­лет­ни – ве­дри, па­стел­ни ни­јан­си на ро­зо­ва, си­на, зе­ле­на, ли­мон-жол­та. Од ма­те­ри­ја­ли­те Ла­гер­фелд ну­ди твид, бук­ле, про­ѕи­рен тул и еле­гант­на сви­ла

Ша­нел оста­ну­ва ве­рен на сво­ја­та ДНК, којa е фо­ку­си­ранa на ре­тро­си­лу­е­ти на гла­мур и на ефе­ктив­ни де­та­ли. Карл Ла­гер­фелд по­ка­жа де­ка не­го­ва­та ми­си­ја и по­на­та­му е да лан­си­ра гла­му­роз­ни, ска­по­це­ни пар­чи­ња об­ле­ка. Во но­ва­та ко­лек­ци­ја на ви­со­ка мо­да, ко­ја ја прет­ста­ви на Мод­на­та не­де­ла во Па­риз, си­лу­е­та­та ја наг­ла­су­ва со ши­рок, ко­жен ре­мен во ме­тал­на бо­ја.

odarjaenrf

Бо­и­те се про­лет­ни – ве­дри, па­стел­ни ни­јан­си на ро­зо­ва, си­на, зе­ле­на, ли­мон-жол­та. Од ма­те­ри­ја­ли­те Ла­гер­фелд ну­ди твид, бук­ле, про­ѕи­рен тул и еле­гант­на сви­ла.

Се раз­би­ра, и оваа ко­лек­ци­ја не мо­же­ше да би­де ос­мис­ле­на без ДНК на ку­ќа­та, а тоа се ко­сту­ми­те, кои се ба­зи­ра­ат на пал­то и на дол­го здол­ни­ште со ви­со­ка по­ло­ви­на од бук­ле. Ле­гер­фелд овој ко­стум го над­гра­ди со сви­ле­на блу­за со ја­ка што се вр­зу­ва.

oepeuene

Ко­лек­ци­ја­та има и се­ри­ја ве­чер­ни фу­ста­ни, кои ги ма­ѓеп­саа сти­ли­сти­те што се­деа во пр­ви­от ред на ре­ви­ја­та и пра­веа спи­со­ци за прет­стој­ни­от „Оскар“.

opewiuene

Но, оста­ну­ва впе­ча­то­кот де­ка Карл Ла­гер­фелд од се­зо­на во се­зо­на не ну­ди ни­што но­во, освен ма­ло по­и­гру­ва­ње со бо­и­те и со де­та­ли­те, но во сфе­ра на фор­ма­та.

opisdoajdks

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top