Селекцијата на Камерун е победник на Купот на Африканските нации, откако во драматично финале го победи Египет со 1-2 и ја врати доминацијата на својот континент. Селекторот на Египет, Хектор Раул Купер останува без позначаен трофеј и етикетата на вечен губитник ќе го следи и во иднина.
„Фараоните“ како што играа целиот турнир, започнаа тврдо и не дозволуваа противникто со леснотија да се доближи до нивниот гол. Од првата голема шанса Египет поведе точно на половина од првото полувреме со голот на фудбалерот на Арсенал, некогашниот фудбалер за врска на Базел, Мохамед Елнани (1-0). Со тоа минимално водство се замина на одмор и „лавовите“ ги чекаше многу тека задача со оглед на тоа што Египет прими само еден гол на целиот турнир.
Сепак, дефанзивецот Нкулу во 59. минута израмни на 1-1 по заспаноста на одбраната на Купер и мечот влезе во егал завршница. Половина час се играше претплазиво, бидејќи никој не сакаше да прими гол и го загуби финалето во финишот.
Сепак, една таква грешка направија Египјаните и Винсен Абубакар во 89. минута ја надмудри одбраната на Египет, феноменално ја прими топката и со десната нога биеше неодбранливо за победносниот гол за Камерун (1-2). Ниту по седум минути надополнување Египет не успеа да израмни и титулата патува за Камерун. По период на криза и смена на генерации, Камерун е пак владетел на црниот контитент, а Хектор Купер сепак останува само губитник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)