Хрватска е најголем губитник од оваа криза, додека Македонија е единствена земја од регионот која излезе како победник, пренесува „Економски лидер“.
Ова денеска во Ровињ го изјави, Велимир Шоње, директор на Центар за макроекономски анализи и прогнози. Тој денеска во Ровињ учествуваше на состанокот на гувернерите на централните банки од регионот и зборуваше за прашањето на дефицитот инструмент на монетарната политика.
Согласно конкретните економски показатели, Шоње смета дека Хрватска е најголем губитник на кризата, а Македонија е единствената во регионот која излезе како победник и на Доинг Бусинесс листата скокна за десет места. Тој истакна дека Хрватска и Словенија имаат голем одлив на капитал, за разлика од останатите земји во регионот.
„Моделот на раст остана ист, кој подобро одговара на помалите земји на Југоисточна Европа. Инфлацијата е ниска насекаде, освен во Србија, каде што тој експериментирал со девизниот курс“, изјави Шоње.
Средбата на гувернери во Ровињ е организирана од страна на бизнис неделникот Лидер и Бизнис инфо груп, а се собрани гувернерите на централните банки на Хрватски, Словенија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
На средбата се разговараше за мерките за борба против глобалната криза и односот меѓу банките и централните банки. Се истакна дека само во последните пет години, поради економската криза, централната банка доби афирмација која ја заслужува по многу години неоправдана академската критика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.